Младинците на ФК Вардар се финалисти во купот на Македонија, откако денес славеа и на реванш мечот против екипата на Работнички. Дуелот се одигра на теренот на Алумина, кој му припадна на нашиот состав минимално со резултат 0:1.
Стрелец на единствениот гол беше Џемал Ибиши, кој стрелаше во 26 минута од првото полувреме.
Вардар: Андов, Радевски, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Али (c), Колевски, Реџепи, Ибиши, Димоски.
Избраниците на Сашо Тодоровски по првиот меч имаа предност од 2:1. Младинците на Вардар и по четврти пат сезонава успеаа да слават во дуелите со градскиот ривал.
Во игра на денешниот меч влегоа уште и Пешевски, Божиноски, Јусуф и Петковски.