Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2004 ќе игра во големото финале на клупот, откако на реваншот ја совладаа А.Пандев
ФК Вардар генер. 2004 ќе игра во големото финале на клупот, откако на реваншот ја совладаа А.Пандев

ФК Вардар генер. 2004 ќе игра во големото финале на клупот, откако на реваншот ја совладаа А.Пандев

Генерацијата на ФК Вардар родени 2004 година успеаа да се пласираат во големото финале од купот на Македонија, откако утрово на теренот на Академијата го добија реванш мечот против екипата на Академија Пандев. Вардар денес триумфираше со резултат 3:1 и со вкупни 5:3 се пласираше во големото финале

Вардарци успеаа да го отворат резултатот уште во 3.минута од дуелот кога противничката мрежа ја затресе Левент Ибраим за водство од 1:0. Екипата на Академија Пандев не се предаде, успева во 20 минута да донесе израмнување на резултатот на 1:1. Сепак до крајот на првиот дел, црвено-црните го вратија водството, откако во 40 минута погоди Талка Идризи. Сите дилеми околу патникот во големото финале, Вардар ги разрешува по само 9 минути игра во вториот дел кога со голот на Бесар Гуџуфи зголеми на 3:1.

Вардар: Ангелов, Љушев, Павлески, Каровски, Милошевски (c), Јаневски, Ибраим, Дошев, Стојановски, Идризи, Гуџуфи. 

Во игра влегоа уште и Стоимов и Серафимов.