Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 7.коло! Пионерките на ЖРК Вардар со максимални 21 бодови итаат кон Ф-4
Преглед 7.коло! Пионерките на ЖРК Вардар со максимални 21 бодови итаат кон Ф-4

Преглед 7.коло! Пионерките на ЖРК Вардар со максимални 21 бодови итаат кон Ф-4

Викендов се комплетираше 7.коло во женската пионерска ракометна лига, каде тритте екипи кои на врвот на табелата остварија победи во соочувањето со ривалите. Во нашата група PK Делчево победи на гостувањето кај “фенерџијата“ тимот на  ГРК Гостивар, а пак Металург дома лесно и сигурно го совлада тимот на ЖРК Куманово.

Пионерките на Вардар  исто така ја продолжија победничката низа во пионерската конкуренција. На гостинската средба која се одигра во неделата навечер,  против Ѓорче Петров избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева триумфираа со двоцифрена предност 30 : 12 (14 : 4). Вардарки имаат максимални 21 бод односно остварија победа на сите одиграни дуели во лигата. Тимот одигра одлично во сите сегменти, па така  дури 12.девојки запишаа погодоци зад своето име. Највеќе  погодоци имаше Борјана Коцева- пет, гол помалку постигна  зимското засилување, Сара Стефаноска. Резултатите од ова коло изгледаат вака:

jj2

*ЖРК Ѓорче 12- ЖРК Вардар 12: 30 (4:14)

*ГРК Гостивар -ЖРК Делчево   16:26 (7:11)

*ЖРК Металург -ЖРК Куманово 19:9 (12:5)

Табела од пионерска група-1 (ж):

1.ЖРК Вардар  -21 бод

2.ЖРК Металург -16 бода

3.ЖРК Делчево Вардар  – 13 бода

4.ЖРК Куманово  – 6 бода

5.ЖРК Ѓорче  – 6 бода

6.ГРК Гостивар-   минус 1 бод

Во другата група од женска пионерска концеруренција лидер е тимот ЖРК Стружанка која е сигурен патник на Ф-4 за втората позиција се борат два тима кои имаат по идентичен број бодови. Топ три сегментот во другата група изгледа вака:

1.ЖРК Стружанка – 21 бод

2.ЖРК Сани -13 бода

3.Нова Тим- 13 бода