Денес, наутро македонската машка ракометна репрезенација за момци родени 2002 и помали замина за Унгарија. Андријана Будимир ќе ја предводи репрезентацијата на официјален ЕХФ турнир во Унгарија, „Балатон куп“ кој ќе се одрува од утре, 11-ти до 13.април. Во првите два дена оваа недела таа имаше по два тренинзи со репрезентативците по кои вчера попладен направи список од 18 играчи на кои смета за настап на престојниот турнир.
Погледнете фотогафии од заминувањето утрово на црвено-жолтата репрезентација, исто така подолу ви носиме фотогафии од тоа како се работеше на вчерашните тренинзи во СЦ “Борис Трајковски“ по кои беа одредени оние 18 патници за на овој ЕХФ Турнир кој ќе се игра од утре, четврток (11.април).