Четири екипи на фудбалскиот клуб Вардар се натпреваруваат во првенството на младинските фудбалски категории. Двете пионерски екипи, кадетите и младинците го финишираа есенскиот дел од сезоната во лигата. Вардаровите екипи забележаа дури 32 победи, 4 нерешени резултати и 8 порази. Единствено младинците се есенски шампиони, додека кадетите и пионерите заостануваат само еден бод зад лидерите во својата категорија. Помладите пионери иако се седмопласирани не се отпишани во борбата за титулата, каде имаат само шест бода помалку од првопласираниот тим на Металург.
Што се однесува до победите, највеќе ги имаа младинците. Избраниците на Љупчо Марковски имаа десет победи и само еден пораз. Тие по одигрување на првиот дел од сезоната имаат 30 бодови, два помалку од екипата на Шкендија која има 28. Веднаш после нив наша најуспешна екипа се кадетите предводени од Влатко Колев кои собраа само два бода помалку од младинците, или вкупно 28 за нашите млади надежи. Забележавме вкупно 9 победи, еден пораз и еднаш одигравме со нерешен резултат. Тука лидер е Работнички со 29 бодови, но Вардарци ги пратат во сенка со само еден бод помалку 28 во овој дел од сезоната, што значи дека ќе гледаме неизвесен пролетен дел во борбата за титулата. Осум победи им припаднаа на пионерите, со еден нерешен резултат и два порази. Вкупно 25 освоени бодови доволни за второто место на табелата, или еден помалку од екипата на Шкупи. Помладите пионери имаа најслаба полусезона од сите Вардарови екипи, забележувајќи само пет победи. На два напревари одигравме со нерешен резултат, додека четири пати бевме поразени од противниците.
Најдобриот напад и одбрана им припаѓа на младинскиот состав, кој постигна вкупно 34 погодоци, а прими само 9. Кадетите имаа само еден помалку во противничките мрежи, или вкупно 33, доддека примија 10 голови. Да потсетиме дека пионерите, кадетите и младинците се полуфиналисти во купот на Македонија.