Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на Вардар го победија Шкупи, кадетите беа високо поразени
Младинците на Вардар го победија Шкупи, кадетите беа високо поразени

Младинците на Вардар го победија Шкупи, кадетите беа високо поразени

Денес на теренот во населбата Бутел, своите натпревари од 21.коло ги одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар.

Кадетите на Вардар доживеа висок пораз од екипата на Шкупи. Домашниот тим на овој натпревар од кадетската Супер Лига славеше убедливо со резултат 5:0. Уште во првото полувреме беа познати многу работи околу конечниот победник, кога противникот на одмор замина со предност од 3:0, додека во вториот дел постигна уште два гола во нашата мрежа.

Вардар: Никола Филевски, Лука Ивановски, Леонид Миноски, Хадис Рамани, Кристијан Таневски, Филип Јовановски, Никола Анчевски (К), Агрон Туша, Филип Блажевски, Мануел Абаз и Лука Неделковиќ.

Играа уште и Кирил Димовски, Мартин Славев и Филип Радевски.

Младинците на ФК Вардар забележаа важна победа и го одржаа чекорот со екипата на Победа од Прилеп, за освојување на шампионската титула. Денес момците на Илиевски-Мичка славеа на гостувањето кај екипата на Шкупи со резултат 1:2. Сите голови паднаа во првиот дел од натпреварот, а Вардар беше тимот кој во 29.минута со погодокот на Ѓорѓи Дошев од слободен удар успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Само седум минути подоцна, односно во 36.минута домаќинот врати со погодок и израмни на 1:1. Се играше 45.минута од натпреварот кога повторно погодивме со удар од прекин, овој пат голот беше дело на Горјан Цветков. Денешните стрелци за Вардар, мора да се напомене дека се играчи родени 2005 година. Во вториот дел успеавме со мирна игра да го одржиме водството на крајот да ги освоиме бодовите.

Вардар: Гоце Јовчев (К), Дарко Трпезановски, Давор Серафимов, Марко Стојилевски, Огнен Здравковски, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски, Стефан Стојановски, Симеон Здравковски, Горјан Цветков и Абдулах Хасани.

Играа уште и Христијан Гроздановски, Мартин Илиевски и Левент Ибраим.