Фудбалерите на Вардар славеа голема победа во Струга, откако попладнево со 0:1 беа подобри од тимот на Воска Спорт во дербито со голот на Бенјамин Демир во вториот дел.
Во првиот дел немаше промени на резултатот, иако домаќинот беше поблиску до водство. Во вториот дел работите се сменија, Вардар одигра далеку подобро полувреме и заслужено дојде до гол, а на крајот и до три бода. Јунак на овој дуел беше Бенјамин Демир кој со удар со глава по асистенција на Петковски од неколку метри успеа да го најде патот до мрежата за голема радост и на крајот победа. До крајот на дуелот Вардар умешно го чуваше резултатот и запиша големи три бода.
Во следното коло одново треба победа, овој пат на домашен терен против Силекс. Честитики за денешната победа до целиот тим и стручен штаб на Вардар.