Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар значително ослабени во пролетниот дел од сезоната
Младинците на ФК Вардар значително ослабени во пролетниот дел од сезоната

Младинците на ФК Вардар значително ослабени во пролетниот дел од сезоната

Од нареднава недела со подготовки треба да започнат и младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Младинците на Вардар ќе имаат невозможна мисија во пролетниот дел од сезоната да ја анулираат негативата од осум бодови зад екипата на Шкендија, а тешка задача ќе имаат и во освојување на националниот куп, каде се пласирани во полуфиналето.

Тренер на младинскиот состав веќе не е Ане Андовски, а негова замена се очекува да биде Сашо Тодоровски, кој знаеме дека веќе не е дел од стручниот штаб на првиот тим на клубот. Црвено-црните значително ослабени ќе влезат во вториот дел од сезоната, со оглед дека од екипата нема да бидат три важни играчи. Се работи за капитенот на екипата, тоа е голманот Методија Велковски кој на негово барање доби исписница од клубот. Дел од Вардар веќе не се ниту Јакуп Бериша кој се уште е во потрага по нов клуб, како и Филип Антовски кој е пред потпис со екипата на Динамо Загреб. Моментално на подготовките со првиот тим се наоѓаат Наумчески, Адем, Реџепи, Младеновски, Димовски, Д.Велковски, како и голманот Матеј Андов кој во пролетниот дел се очекува да биде прв избор на голманската позиција кај младинците, со оглед дека тимот го напушти Велковски.

Со ваков ослабен и некомлетен состав, младинците на Вардар ќе имаат тешка мисија од пролет да стигнат барем до еден трофеј на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Останува да видиме дали клубот ќе ангажира некое ново име, со цел да се потполнат испразнетите места во младинската екипа на Вардар. После заминувањето на Таневски во првиот тим, без тренер останаа и кадетите, па и тука треба да се потполни празнината. Како што напоменавме од новата работна недела треба да започнат со тренинзи и во Академијата на клубот, па ќе бидат познати некои одговори кои се поставени во текстов.