Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Slider > Карачиќ со Хрватска го освои 6.место на СП
Карачиќ со Хрватска го освои 6.место на СП

Карачиќ со Хрватска го освои 6.место на СП

И последниот играч на Вардар заврши со настапите на Светското ракометно првенство. Игор Карачиќ со својата репрезентација беше поразен од Шведска, во борбата за пласман и на тој начин го освоија шесттото место на мундијалот.

Заслужена победа за Шведска, која имаше водство и контрола на реултатот уште од првата минута на мечот, а Хрватска не успеа ниту во еден момент да израмни и да поведе. Првите седум минути игра дадоа патоказ како ќе се движи мечот, кога Шведска имаше водство од 1:4. Во 22 минута имаа и највисоки 7:13, а до крајот на првото полувреме, избраниците на Червар сепак ја преполовија негативата па на одмор се замина со достижна негатива од 13:16.

Швеѓаните повеќе ја посакуваа победата, па со таков мотив влегоа и во второто полувреме кога направија серија од 0:3 и повторно ја вратија онаа највисока позитива од шест голови разлика. Од тој момент избраниците на Червар најмногу што успеаа е во неколку наврати да ја симнат разликата на не помалку од пет гола, додека Шведска стигна и до највисоко водство од седум голови. Целосно заслужена победа, на крајот изразена со резулат 28:34 за Шведска.

На овој меч, Карачиќ повторно одигра голем дел од мечот и успеа да постигне три гола. На тој начин го заврши мундијалот па од следната недела, се очекува и тој да се приклучи на тимот на Вардар, кој за неколку дена го очекува натпревар од СЕХА-лигата.