Овој викенд започнаа со одигрување на пролетните дуели поголем број од младинските кошаркарски конкуренции во земјава. Па така во категоријата за млади машки кошаркарски надежи се одигра дербито КК Партизан МШ – КК Вардар.
Црвено-црните надежи оваа 2019 година ја отворија со одигрување на првиот предизвик, истиот го имаа на гости. Во еден дуел со многу борба на двете страни, ние успеавме да победиме. На почетокот двата тима беа рамноправни, потоа нашите надежи успеаа полека од минута во минута да ја зголемуваме предноста и да триумфираме на крајот со 20.поена предност над ривалот.
Триумфот дојде со резултат 60-80 на овој прв меч во 2019 година. Оваа селекција пред почетокот на пролетниот дел сериозно се засили со тројца ракометари, информација околу засилувањата може да најдете на нашиот сајт- овде.