Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Резултатите се во втор план, како минуваат подготовките полека ќе се искристализира тимот
Васоски: Резултатите се во втор план, како минуваат подготовките   полека ќе се искристализира тимот

Васоски: Резултатите се во втор план, како минуваат подготовките полека ќе се искристализира тимот

ФК Вардар ги реализира зимските  подготовките во Турција, во Аланија  се одработува главната фаза од зимскиот дел од тренинзите.  Црвено-црните акцент  ставаат и на воигрувањето, досега одигравме три контролни натпревари. За она како се одвиваат  подготовките и импресиите од трите натпревари до сега ги искажува шефот на стручниот штаб Александар Васоски, кормиларот на вардарци вели:

Низ овие три натпревари шанса добија речиси сите фудбалери кои се на располагање во моментов, односно кои немаат никакви проблеми со повреди. Во првите два натпревари им дадовме шанса на два тима по 45. минути, на овој третиот меч менувавме во 70. минута, и како одиме кон крајот на подготовките, полека ќе се искристализира тимот, кој ќе треба да го понесе товарот низ пролетниот дел. Резултатите од контролните мечеви ни се во втор план, важно ќе биде добро да се подготвиме, и засега можам да го истакнам моето задоволство од тоа како работи екипата на овие подготовки, поголем дел се млади, немаат искуство со подготовки.

Вардар на овие подготовки замина и со 12 играчи од младинската школа на клубот.

Има потенцијал во овие момци, но и во моментов тие собираат искуство кое го немаат. Важно е како што кажав овие млади играчи да соберат искуство. Да не заборавиме дека можеби ова е најмладиот Вардар кој што оди на подготовки, и за голем дел од овие млади фудбалери ова се први настапи во сениорска конкуренција. На добар дел од нив ова им се први вакви подготовки, и токму од тука треба да бидеме трпеливи. Сигурно дека сакаме да форсираме фудбалери од нашата младинска школа, но тоа треба да се прави во долг временски интервал. Исто така за нив е добро што имаат можност да се докажуваат со поискусните играчи. За нив е едно драгоцено искуство кое ќе им помогне за понатаму, истакна Васоски.