ЖРК Вардар изминатата есен во 14.кола во женската Супер лига одигра многу над очекувањата. На одмор девојките на Симовски, Ристова и Царчев отидоа во топ-3 тимовите. По зимската пауза од регуларниот дел нашите црвено-црни дами ги очекуваат четири кола. Истите започнуваат на почетокот на март и ќе се одиграат до средината на месецот. По ова следи последната плеј-офф фаза за вардарки.
Сепак сезоната во сениорсиот женски ракомет најпрвин започнува на 23/24.февруари. Тогаш не очекува првата рунда во Купот на Република Македонија каде играме со тимот на ЖРК Гевгелија во 1/4-финалниот дуел.
15.коло, 02/03.март: Гевгелија-ЖРК ВАРДАР
16.коло 09/10.март, ЖРК ВАРДАР-ЦЕМС
17.коло 13/14.март Пелистер- ЖРК ВАРДАР
18.коло 16/17.март, ЖРК ВАРДАР- ЖРК Спартак