Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар е во потрага по нов пикер, Јусеф Бен Али на радарот на црвено-црните
Вардар е во потрага по нов пикер, Јусеф Бен Али на радарот на црвено-црните

Вардар е во потрага по нов пикер, Јусеф Бен Али на радарот на црвено-црните

Македонските медиуми пренесуваат дека Вардар е блиску до ангажман на катарскиот репрезентативец, Јусеф Бен Али. Се работи за играч кој настапува на пикерската позиција и доаѓа од екипата на Шартр која се натпреварува во втората француска лига.

По најавите дека Мораес Фереира заминува во Веспрем, од Вардар се активираа за неговата можна замена која од следната сезона треба да го облече црвено-црниот дрес. Јусеф Бен Али остави добар впечаток на Светското првенство, настапувајќи за Катар, каде беше најдобар стрелец на својата селекција, постигнувајќи вкупно 45 голови.

Дали тој ќе биде првото засилување за следната натпреварувачка сезона останува да видиме во наредниот период.

Погледнете неколку негови голови од мечот на Катар со Шведска, на ова СП.