Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци ја бараат првата победа против Черно Море
Вардарци ја бараат првата победа против Черно Море

Вардарци ја бараат првата победа против Черно Море

Денеска Вардарци го играат четвриот пријателски дуел на зимските подготовки во Аланија, противник на црвено – црните е тимот на Черно Море од Бугарија.

Черно Море доаѓа од бугарската прва лига каде во овој момент е шестто пласиран со 31 бод на 20 одиграни првенствени натпревари. За бугарскиот тим ова ќе биде трет пријателски дуел, откако загубија со 1:о од Арка и ремизираа 1:1 со тимот на Миеѓ Легница.

Денешниот дуел на овие две екипи се очекува да биде изедначен и интересен, бидејќи и двете екипи во овој момент се тука некаде според квалитетот.

Дуелот започнува со почеток од 14.00 часот по македонско време.