Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК Кузман го одреди терминот за младинската средба со ЖРК Вардар
РК Кузман го одреди терминот за младинската средба со ЖРК Вардар

РК Кузман го одреди терминот за младинската средба со ЖРК Вардар

Зимската пауза во женскиот ракомет е веќе зад нас, оваа недела започнуваат првите натпревари  во женска конкуренција во земјата, станува збор за стартот на младинската женска лига.  Во истата на програмата е првото пролетно односно 10.коло во сезоната 2018/2019.

d2

Лидерот по есенскиот дел во оваа лига е нашиот ЖРК Вардар, младинската екипа предводена од Симовски, Ристова и Царчев во ова коло гостува. Наш ривал е тимот на РК Кузман Вардар од Скопје, домаќинот веќе го одреди терминот за натпреварот. Средбата ќе се игра во недела, 3.февруари во салата “Гоце Делчев“ во скопската наслеба Илинден. Дуелот се игра претпладне со почеток во 10 часот и 45 минути.

Црвено-црните дами се фаворити, ние сме на врвот на табелата со 25.бода пред Металург и Куманово, додека нашиот ривал со 6.бода  е 8-мо пласиран и на табелата е пред ЖРК Гевгелија и “фенерџијата“ Кичево-10. На првата средба одиграна во “Јане Сандански“ во октомври, ние победивме со високи  37: 14 (24:3), на таа средба  кај нас прв стрелец беше крилото  Стефанија Ѓорѓиевска која погоди дури 11 пати, на голот Грујовска и Трајкоска кои одбранија по едно полувреме имаа по шест одбрани.