Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Александар Миовски: Вардар е најдобриот клуб во Македонија, да се биде дел од него е голема чест и успех
Александар Миовски: Вардар е најдобриот клуб во Македонија, да се биде дел од него е голема чест и успех

Александар Миовски: Вардар е најдобриот клуб во Македонија, да се биде дел од него е голема чест и успех

Во следново наше интервју ве запознаваме со Александар Миовски, дел од генерацијата родени 2006 година на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за уште еден млад и талентиран играч на Академијата, кој може да игра на неколку различни позициии. Прочитајте го интервјуто со Александар Миовски.

1. Зошто се одлучивте токму за фудбалот, од каде произлезе желбата за овој спорт ?

-Па незнам, своето рано детство од 4-5 година почнав да играм со топка по игралиштата во населба. Желбата да играм фудбал ми дојде сама од себе. Го користев секој момент да играм фудбал со другите деца кои беа и неколку години поголеми од мене па како најмал често и бранев.

2. На колку години започна да тренираш, во која школа и кој беше првиот тренер од кој имавте можност да ги учите почетоците во фудбалот ?

-Започнав да тренирам фудбал на 6 години. Неколку месеци во школата на ФК Македонија Ѓорче Петров кај тренерот С.Змејковски, а потоа во фудбалската школа КУЛ кај тренерот Борче Боев. Кај овој тренер ги научив основните работи на фудбалот.

34102352_587671361631788_1941029230120796160_n

3. Како се случи да дојдете во Вардар и на чија иницијатива, дали може да ни го опишете моментот ?

-Цела заслуга да дојдам во Вардар е на тренерот Боев. На негова иницијатива пред 3 години ме запиша во Вардар. Моментот кога ми кажа дека ќе одам во Вардар, тој момент не можам ни денес да го опишам со зборови. Ми се оствари еден сон.

4. Во претходните две сезони со вашата генерација стигнувавте до финалето на детската лига, но таму бевте поразени од екипата на Албарса. Кои беа причините за два пати да изгубите од овој противник, и во есенскиот дел од оваа сезона, Албарса успеа да ве победи ?

45075593_10213108680893849_4132443951107932160_n

-Навистина незнам, немавме среќа, првото финале го изгубивме на пенали. Во второто финале бевме многу подобри меѓутоа изгубивме од сопствени грешки. Имавме многу шанси, не ги искористивме, место да водиме ние примивме несреќни голови. Во есенскиот дел имавме лош ден изгубивме и Вардар 1 и Вардар 2 се надевам дека нема да се повтори. И тоа е некоја школа, мора да се трудиме повеќе како екипа.

5. Изминативе години имавте можност да работите со неколку различни тренери во Вардар. Колку е тоа предност за вас, за какви различни тренери се работи и колку вие научивте од истите ?

-Мислам дека е голема предност што секоја сезона имаме нов тренер. Секој тренер има свој принцип на работа. Некој е построг, некој повеќе не спрема физички, некој технички. Сите не учат на тајните на фудбалот. До сега сум задоволен од тренерите со кои сум работел во Вардар.

1131-660x3301-660x330

6. Колку често гледаш фудбал пред малите екрани, кои се твојата омилена екипа и играч.

-Ги гледам скоро сите дерби натпревари особено Реал Мадрид кој ми е омилен тим. Најомилен играч ми е Лука Модриќ.

7. Кои се твоите синоними кога ќе слушнете за името Вардар ?

-Вардар е најдобриот клуб во Македонија, да се биде дел од него е голема чест и успех.Вардар за мене значи да си најдобар, да бидеш пред сите.

vardarfans-miovski

8. Одигравте добро во есенскиот дел од сезоната, каде имате само еден пораз. Колку сте задоволни од прикажаната игра и остварените резултати на својата екипа ?

-Јас сум презадоволен од натпреварите што ги одигравме оваа есен. Учејќи од своите грешки посебно после поразот од Албарса на останатите 8 натпревари на кој постигнавме толку победи ,а примивме само 4 голови со што докажавме дека сме најдобри и дека сме спремни оваа година да бидеме шампиони на чело со тренерот Филип Спасевски.

733

9. Дали Вардар како клуб ви ги нуи сите неопходни услови за тренинг и работа ?

-Мислам дека имаме најдобри услови за тренинг и треба сите да бидеме задоволни од тоа што ни овозможува Вардар.

9. Како Аце ја гледа фудбалската игра, што треба еден тим да поседува за да биде најдобар ?

-Фудбалот е тимска игра каде сите треба да се залагаат. Тимот за да биде најдобар треба да има врвни играчи, да има слога меѓу нив и да нема себичност. Секако потребни се ногу тренинзи и напорна работа.

244

11. Дали имате некоја желба или цел која сакате да ја остварите во иднина ?

-Јас имам цел еден ден да бидам играч на Реал Мадрид и конечно да ми се оствари мојот сон.

Звонко Ивановски