Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Повеќе од четворица младинци ќе патуваат во Австрија
Повеќе од четворица младинци ќе патуваат во Австрија

Повеќе од четворица младинци ќе патуваат во Австрија

Седлоски веќе го “скрои” списокот на играчите на кои ќе смета на подготовките во Австрија. Поради настапот на ЕП на Македонија до 21 година, тимот на Вардар ќе мора поголем дел од подготовките во Австрија да ги мине без шест млади играчи.

Од младинскиот погон пак, се очекува четири до пет играчи да заминат за Австрија. Веќе се сигурни Есмин Личина, Виктор Димков и Филип Стојчевски. На нив треба да им се придружи и Тодор Тодоровски, а можеби и уште некој друг, останува да сочекаме.