Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Репрезентативката, Јована Саздовска е второто засилување за ЖРК Вардар

Репрезентативката, Јована Саздовска е второто засилување за ЖРК Вардар

Репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска ќе биде второто засилување за екипата на ЖРК Вардар во новата сезона.По само шест месеци поминати во Романскиот шампион, Саздовска доаѓа од екипата на Магура Чиснадие. Претходно има настапувано за тимот на Металург, од својата дванаесетта година. Игра на позицијата лево крило и ќе ја потполни првата “дупка“ на оваа позиција по заминувањето на Мавсар и Херем.

Саздовска е второ засилување за европскиот вицешампион и втора Македонка, после Ристовска која ќе настапува за екипата на Вардар. Претходно клубот ги обезбеди услугите на пикерот, Драгана Цвијиќ, која треба да и помогне на екипата да стигне до Европската титула.