Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Младинците на ФК Вардар го “прегазија“ Њу Старс, кадетите го претрпеа шесттиот пораз
Младинците на ФК Вардар го “прегазија“ Њу Старс, кадетите го претрпеа шесттиот пораз

Младинците на ФК Вардар го “прегазија“ Њу Старс, кадетите го претрпеа шесттиот пораз

На теренот во Ѓорче, денес своите натпревари од 9.првенствено коло ги одиграа кадетите и младинците на ФК Вардар, кои за противник ја имаа екипата на Њу Старс. На овие дуели забележавме половичен успех од една победа и пораз.

Кадетите на ФК Вардар го претрпеа својот 6-ти пораз оваа сезона, откако денес беа совладани и на гостински терен од екипата на Њу Старс со резултат 2:0. Просто необјасливо за екипа, која во првите 11-сетмина има дури четири репрезентативци, кои се дел од младинските селекции на Македонија. Њу Старс уште во првото полувреме ги реши дилемите околу тоа кој ќе ги освои бодовите. Со два гола во првиот дел, еден во 3 минута и вториот во 39 минута за конечни 2:0 на овој натпревар од кадетската супер лига.

Вардар: Андов, Радуловиќ-Величковиќ, Митревски, Манасиевски, Игнатов, Ристовски, Андоновски, Хасановиќ, Ѓурковски, Спировски, Цури.

Младинците спротивно на кадетите си газат во својата лига и тие се единствените од вардаровите генерации кои викендов забележаа победа во дуелите со екипата на Њу Старс. Можеби нереално, но ете тоа е епилогот од четирите одиграни мечеви со овој противник. Тренерот на младинците, Ане Андовски и покрај проблемите со склопување на составот, со оглед дека некои од играчите денес беа со првиот тим, не пропушти на случајноста апсолутно ништо, па неговите избраници пукнаа “петарда„ во мрежата на домаќинот.

Вардар: М.Велковски, Радевски. М.Младеновски, Јусуф, Димоски, Д.Велковски, Реџепи, Петковски, Тасев, Антовски

Уште во 10.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот и да поведеме со 0:1 со голот на Фитор Реџепи. До крајот на првиот дел успеваме да го зголемиме резултатот на 0:2, откако погоди и Филип Антовски во 41 минута од мечот. На самиот старт на вториот дел во листата на стрелци се запиша и Бојан Димоски, кој му донесе водство на Вардар од 0:3. Во 65 минута во листата на стрелци се запишува и Александар Младеновски кој го зголеми резултатот на 0:4, додека конечните 0:5 на натпреварот ги постави нововлезениот Александар Ѓорѓиески во 72 минута од дуелот.

Ова беше вкупно осма победа за младинците на Вардар во лигата. На денешниот меч, тренерот Андовски беше без услугите на Бериша, Ибиши, Адем и Наумчески.