Денес во салата “Нико Нестор“ во Струга, кадетите на РК Вардар во рамки од младинската лига гостуваа на РК Струга. Овој меч нашите момци го одиграа добро, се бореа против повозрасниот противник, особено добро одиграа во вториот дел. Избраниците на Будимир и Станковски беа поразени само со два гола, 28-26.
Започнавме со две водства на почетокот, 0-1 и 1-2, по што стружани со серија 4-0 го преземаа водството и поведоа со 5-2. Успешно париравме на ривалот во игра гол за гол во првиот период, нашите момци се надмина, борејќи играјќи рамноправно против поискусен и повозрасен тим. Во финишот стружани додатно ја зголемија предноста па на одмор заминаа со пет гола повеќе на нивното конто. На семафорот во салата “Нико Нестор“ за време на паузата стоеше 17-12.
Вториот дел започна со плус шест за домаќинот, 18-12. Потоа рамноправно, двата тима успеваа да погодуваат во противничката мрежа и да ја одржуваат резултатската разлика околу 5-6 гола. Во вториот дел од овој период нашите ракометари беа далеку подобри во поле, ја подобрија одбраната, во нападот беа креативни и сето тоа донесе плод. Пред почетокот на последните минути дојдовме само на два гола негатива, 27-25. До крајот немаше многу време да направиме нешто повеќе па бевме поразени со 28-26.
Кај нас прв стрелец беше Давид Савревски со шест гола, имавме и тројца момци со одлични пет погодоци, станува збор за: Велимир Грујовски, Дамјан Димитријевски и Бојан Чакалиќ.