Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците се вратија на победите, висок триумф за црвено-црните во дуелот со Брегалница
Младинците се вратија на победите, висок триумф за црвено-црните во дуелот со Брегалница

Младинците се вратија на победите, висок триумф за црвено-црните во дуелот со Брегалница

Победничкото петто коло во младинските лиги го заокружија младинците на Вардар. На домашен терен момците на Ивановски излегоа како победници во дуелот со екипата на Брегалница од Штип. Нашите млади надежи триумфираа со резултат 4:0

ФК Вардар: Стојковски, Радуловиќ-Величковиќ, Петејчук, Ѓурковски(К), Мицевски, Хасани, Гугуљанов, Стојановски, Трајановски, Исени, Мирков.

Во првиот дел ги искористивме своите шанси, период во кој успеавме да стигнеме до предност од два гола. Екипата на Брегалница не издржа многу време, во првите седум минути од дуелот, црвено-црните постигнаа гол преку Абдула Хаасани кој погоди на асистенција од Трајановски. Не и дозволивме на гостинската екипа многу да се изнаигра во првиот дел, противникот имаше само еден директен удар кон нашиот гол кој успешно го скроти Лука Стојковски, додека на Вардар им беше поништен гол поради офсајд позиција во која се најде Стојановски. Во следната голема шанса успеваме да го зголемиме водството на 2:0. После една добра акција на нашиот тим, Стојановски Георг додаде прецизно до Мирков, на кој не му беше тешко да ја погоди мрежата на Брегалница. До крајот на првиот дел за одбележување е обидот на Мицевски, кој биеше со глава крај гол, на нафрлена топка од корнер на Мирков. По првите 45 минути, младинците на Вардар беа во водство од 2:0.

1 2 3 5

Првиот директен удар во второто полувреме го имаше екипата на Брегалница, но одбрани Стојковски. Имавме контрола на играта и во овој дел од мечот, а првата шанса кај Вардар ја имаше Исени кој бие крај голот. Од слободен удар направивме добра акција, кога Стојановски асистираше до Мирков, овој шутира од прва, но гоманот на гостите го скроти ударот. Цели 40 минути во второто полувреме не можевме да ја пробиеме противничката одбрана, но затоа во последните пет минути погодивме два пати. Тоа му успеа на стоперот Александар Ѓурковски. Најпрво погоди за 3:0. на нафрлена топка од левата страна на Исени, додека во последната минута од дуелот, Ѓурковски стрелаше на одбиена топка, прецизно во долниот десен голмански агол, за конечни 4:0 на овој натпревар од младинската лига.

4 6 8 9 10

Во игра во вториот дел влегоа Симев, Илиев, Трајкоски и Шабани.

После два во серија нерешени резултати, младинците денес успеаа да победат, бодови со кои сигурно ќе се искачат место погоре на табелата после комплетирање на колото.