Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на Фк Вардар со “фуриозни настапи“ на подготовките
Младинците на Фк Вардар со “фуриозни настапи“ на подготовките

Младинците на Фк Вардар со “фуриозни настапи“ на подготовките

Кога станува збор за Љупчо Марковски-Калц, нема дилеми околу професионалноста и сериозниот пристап на подготовките  на неговата екипа. Иако младинците на Фк Вардар не заминаа на подготовки, предсезоната ја одработуваат во Скопје, во многу напорно темпо. Немаа можност да учествуваат ни на “Скопје куп 2015“ , но сепак одиграа неколку пријателски и силни натпревари. Најсериозен испит за нашите младинци беше второлигашот Фк Скопје, со кој одигравме два мечеви. По една победа им припадна на двата тима, но нашата беше многу поубедлива, остварена со резултат 5:0. Во вториот дуел, второлигашот забележа минимален триумф од 2:1. На овие мечеви, црвено-црните покажаа сила, моќ и карактер да се носат со далеку повозрасни и поискусни играчи.

Во следните денови продолжија и тренинзите на оваа генерација, кои се одвиваат на теренот на Локомотива. Пријателски натпревар беше одигран и со Вардаровите фудбалери родени “1999“. Убедлив триумф за повозрасните, но и далеку поквалитетната екипа која ја предводи Калц. Конечниот резултат на овој дуел беше 9:0. Серијата на подготвителни натпревари беше затворена со дуел, против екипата на Реал Ниш(Србија). Овој клуб имаше можност да учествува на турнирот “Скопје куп“.

Без поголеми проблеми, младинците на Вардар “пукнаа“ нова “петарда“ во мрежата на противникот. Квалитетот беше очигледен во неколку класи, конечниот триумф можеше да биде изразен во поголема разлика, ако се искористеа сите шанси. Со пораз од 5:0, екипата од Србија си замина дома. Викендов е планирано да се одигра уште еден натпревар, со екипата на Металург. Тој дуел најверојатно ќе биде и последен, пред почетокот на новата сезона која стартува на 22-ри август.