Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар денес има тест-меч со тимот на Мио Бигано во Франција
ЖРК Вардар денес има тест-меч со тимот на Мио Бигано во Франција

ЖРК Вардар денес има тест-меч со тимот на Мио Бигано во Франција

Завчера нашите девојки пристигнаа во Сен Жан Де Бреј во Франција каде ќе ја одработат оваа фаза од летните подготовки за новата 2015/16 сезона . Тие вчера одржаа заеднички тренинг со тимот на Флери , а за денеска имаат закажано тест дуел со  екипата на Мио Бигано.

Според зацртаната програма по денешниот тест тие ќе  одиграат уште два контролни дуела со Флери, а ќе одржат и уште толку заеднички тренинзи со французинките .По завршувањето на подготовките во Франција нашите девојки летаат за Букурешт. Тие во престолнината на Романија  во временски период од 20 до 23 август ќе настапат на  силен подготвителен турнир . Избраничките на Кастратовиќ се во  група со Корона Брашов и со ЦСМ Букурешт. Од Романија се вратат во Скопје каде ќе ги одработат последните тренинзи  пред подготвителниот турнир Вардар. Турнирот во организација на нашиот црвено – црн колектив е закажан и ќе се   одржи од 29 август до 1 септември во нашиот храм во С.Ц. „Јане Сандански“