Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана
Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана

Младинците на ФК Вардар со најмногу победи и постигнати голови, додека пом.пионери со најдобра одбрана

Заврши сезона во првенството на младинските фудбалски категории, во кои успеавме да освоиме три трофеи. Помладите пионери се покажаа како најуспешни, освојувајќи ја двојната круна, додека младинците го освоија купот на Македонија.

Што се однесува до статистика, од четирите младински екипи кои се натпреваруваа во Лигата, најмногу победи имаа младинците на ФК Вардар, вкупно 24 триумфи имаа црвено-црните во натпреварувачката 2018/19 сезона. Младинскиот состав беше и во најдолга серија на победи, односно пролетниот дел го заврши со максимален број на освоени бодови,  односно на 13 одиграни натпревари имаа исто толку победи. Помладите пионери се веднаш после нив со 20 остварени победи, додека пионерите имаа 17, а кадетите само 8 триумфи. Младинците на Вардар можат да се пофалат со податокот дека успеаа од сите младински екипи на Вардар, да постигнат и најмногу голови, со вкупно 99 погодоци ја завршија сезоната. Втор најдобар напад имаа пом.пионери со 69 погодоци, трети се пионерите со 63, додека кадетите имаа 35 голови.

Најдобрата одбрана е за помладите пионери кои примија само 15 голови, на второто место се младинците со 17 примени голови, пионерите со 26, додека кадетите имаа дури 42 примени голови во својата мрежа.