Дејан Милосављев по само една сезона го напушти Вардар и се пресели во екипата на Фуксе Берлин. Овој 23 годишен голман кој дојде како „анонимен“ од екипата на Партизан се покажа како големо засилување за црвено-црните, успевајќи во првата сезона со Вардар да ја освои Европската титула.
Што се однесува до статистиката повразана со Милосављев, српскиот голман имаше неверојатна сезона во Вардар, а само на еден меч во Лигата на Шампионите не успеа да запише интервенција. Тоа се случи на реванш дуелот од 1/8 финалето против екипата на Загреб, кога на голот сите 60 минути беше Калифа Гедбан. На сите останати 19 дуели сезонава во најголемото натпреварување, Милосављев имаше одбрани, а дури на 12 меча имаше двоцифрен број на одбранети удари. Најмногу интервенции „банда“ имаше на отварање на сезоната, кога на гостински терен го победивме Монпелје, како и на полуфиналниот дуел во Келн против Барселона, кога Милосављев имаше 15 одбрани.
Вакви се бројките на Дејан Милосавњљев оваа сезона:
Монпелје – Вардар (15 одбрани)
Вардар – Кристијанштад (9)
Веспрем – Вардар (12)
Вардар – Рајн Некар (9)
Киелце – Вардар (11)
Вардар – Мешков Брест (3)
Вардар – Барселона (8)
Барселона – Вардар (11)
Мешков Брест – Вардар (10)
Вардар – Киелце (11)
Рајн Некар – Вардар (10)
Вардар – Веспрем (13)
Кристијанштад – Вардар (4)
Вардар – Монпелје (14)
ППД Загреб – Вардар (14)
Вардар – Пик Сегед (10)
Пик Сегед – Вардар (7)
Барселона – Вардар (15)
Вардар – Веспрем (7)