Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Преглед на 5.коло, младинските екипи на ФК Вардар доминантни на дуелите со Брегалница
Преглед на 5.коло, младинските екипи на ФК Вардар доминантни на дуелите со Брегалница

Преглед на 5.коло, младинските екипи на ФК Вардар доминантни на дуелите со Брегалница

Младинските екипи на ФК Вардар на четири одиграни дуели со екипата на Брегалница имаа исто толку победи. Пионерските екипи славеа на гостувањето во Штип, додека кадетите и младинците беа сигурни на домашен терен.

Петта последователна победа за помладите пионери кои со пресврт ја победија Брегалница (1:2). Никола Величковски и Горјан Цветков погодија за нови три бода вардарци.

Резултати од 5.коло во помладата пионерска супер лига:

Брегалница – Вардар  1:2

Работнички – Њу Старс  5:1

Шкендија – Македонија Ѓ.П  6:1

Ренова – Шкупи  1:4

Куманово Еуроспорт – Академија Пандев  1:3

Победа – Пелистер  3:1

Успешно коло имаа и пионерите на Вардар кои ги победија врсниците од Брегалница. Со головите на Перковски, Попов и Ибраим во вториот дел триумфиравме со резултат 0:3

Резултати од 5.коло во пионерската супер лига:

Брегалница – Вардар  0:3

Работнички – Њу Старс  2:3

Шкендија – Македонија Ѓ.П  4:0

Ренова – Шкупи  3:2

Куманово Еуроспорт – Академија Пандев  1:3

Победа – Пелистер  2:1

Кадетите на домашен терен ја оправдаа фаворитската улога и со голови во првиот дел ги победија штипјани (4:0). Два гола на натпреварот постигна Бесар Гуџуфи, додека по еден беа дело на Лео Андрески и Славче Живков. Ова беше петти триумф на исто толку дуели сезонава за оваа генерација на Вардар.

Резултати од 5.коло во кадетската супер лига:

Вардар – Брегалница  4:0

Њу Старс – Работнички  2:3

Македонија Ѓ.П – Шкендија  1:1

Шкупи – Ренова  4:1

Академија Пандев – Куманово Еуроспорт  6:0

Пелистер – Победа  1:3

Со резултат 4:0 славеа и младинците на Вардар. На овој дуел два гола беа за капитенот Александар Ѓурковски, додека противничката мрежа ја погодија и Абдула Хасани и Антонио Мирков.

Резултати од 5.коло во младинската супер лига:

Вардар – Брегалница  4:0

Њу Старс – Работнички  3:3

Македонија Ѓ.П – Шкендија  0:1

Шкупи – Ренова  2:1

Академија Пандев – Куманово Еуроспорт  4:2

Пелистер – Победа  4:0

Претстојниве денови не очекуваат натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија, додека во рамките на 6.коло за противник ја имаме екипата на Њу Старс.