Зад нас е 2.коло во женската сениорска кошаркарска лига, кое делумно се играше изминатиот викенд. Во дуел од втората рунда во групата-Исток каде што се натпреваруваат девојките на Жаклина Стојановска гостувавме кај тимот на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.
Нашите дами, од ЖКК Вардар влегоа како фаворит во средбата и ја оправдаа улогата. Во сите четири периода доминиравме и од дел во дел успеавме да ја зголемуваме предноста. На крајот победивме со високи 49.поена повеќе. Триумфот на ова гостување во салата „Независна Македонија“ дојде со резултат 41:90.
Вардарки по 2.кола со максимални 4.бода се на врвот на табелата, во воведната рунда во „Кале“ бевме подобри и од Пробаскет. По само две кола веќе имаме неверојатни 102 коша позитива, досега погодивме 190 поени, а примивме само 88 во нашиот кош.