Вчера на тренинг центарот на новиот спортски комплекс во населбата Хиподром беа одиграни два контролни натпревари, помеѓу младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Во првиот дуел се сретнаа Фк Вардар генерација 2001 (помлади пионери) и Фк Вардар генерација родени 2002 година, која воедно има и нов тренер во името на Пепи Ѓорѓиевски. На вториот натпревар силите ги одмерија пионерите и кадетите на Фк Вардар.
Дуелот помеѓу Фк Вардар генерации родени 2001 и 2002 година, им припадна на повозрасните помлади пионери, кои забележаа триуф со конечен резултат од 5:0. По првото полувреме избраниците на Сашо Јанев имаа водство од 4:0. Стрелци на головите беа Мартин Спировски(2), Самир Хасиќ, Ибрахим Ариф и Мартин Наков.
На натпреварот помеѓу пионерите и кадетите, поуспешни беа повозрасните кои забележаа победа со резултат 7:3. Едно полувреме се играше по 40 минути, а уште по првиот дел кадетите имаа убедливо водство од 4:1. За кадетите хет трик постигна Александар Тајчевски, додека по еднаш во листата на стрелци се запишаа Дени Стоименов, Гоце Насковски, Михаил Геговски и Оливер Дислиевски. Во редовите на пионерите, головите беа дело на Марко Ѓорѓиевски, Јакуп Бериша и Алексанар Ѓорѓиески.