Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Манасков и Дибиров најдобри Вардарови стрелци на ЕП во Полска
Манасков и Дибиров најдобри Вардарови стрелци на ЕП во Полска

Манасков и Дибиров најдобри Вардарови стрелци на ЕП во Полска

Селекцијата на Германија е новиот ракометен владател во Европа, на завршеното првенство кое во периодот од 15-ти-31-ви јануари се одржуваше во Полска. На овој мундијал не претставуваа и 13 ракометари кои доаѓаа од редовите на Вардар, настапувајќи за пет репрезентации. Македонија, Русија, Хрватска, Србија и Шпанија беа селекциите во кои имаше играчи од црвено-црниот состав. На крајот највисоко се искачија Шпанците, кои го освоија второто место, веднаш под нив се најде селекцијата на Хрватска која се закити со бронзениот медал. Србија беше најслабо рангирана селекција, каде настапуваа играчи на нашиот шампион. Што се однесува до ефикасноста на Вардаровите ракометари на ова европско првенство, најдобри стрелци се Дејан Манасков и Тимур Дибиров кои имаат постигнато идентичен број на голови, или вкупно 32 зад нивното име. Ако се земат во предвид целокупните настапи, може да се заклучи дека нашите леви крила највеќе покажаа на овој мундијал, а веднаш после нив е сигурно Сергеј Горбок.

Вака изгледа листата на стрелци на Вардаровите ракометарки, кои настапија на европското првенство.

1, Дејан Манасков ( Македонија)  32  ( 6 меча)

2. Тимур Дибиров (Русија)  32  ( 6 меча)

3. Сергеј Горбок (Русија)  21  ( 6 меча)

4. Хорхе Македа (Шпанија)  17  ( 8 меча)

5. Стојанче Стоилов ( Македонија)  13  ( 6 меча)

6. Игор Карачиќ (Хрватска)  12   ( 8 меча)

7. Алекс Душебаев (Шпанија)  9   ( 8 меча)

8. Данил Шишкарев (Русија)  8   ( 6 меча)

9. Мијајло Марсениќ (Србија)  4  ( 3 меча)

10. Филип Лазаров (Македонија)  3  ( 6 меча)

11. Лука Циндриќ (Хрватска)  2   ( 8 меча)

12. Илија Абутовиќ (Србија)  0  ( 3 меча).