Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар кои се натпреваруваат во домашното првенство и куп, денес и официјално ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од натпреварувачката сезона. Пом. пионери, пионери, кадетите и младинците денес го имаа својот прв собир, кој се одвиваше покрај Кеј, каде ќе се работи на физичка подготовка се до недела. Од понеделник се очекува нашите надежи да се преселат со тренинзи на теренот на Локомотива, каде ги играа натпреварите во есенскиот дел од сезоната.
Како што е познато, младинците предводени од Љупчо Марковски подоготвките ги започнаа без својот прв голман Филип Трајчевски, како и капитенот Есмин Личина. Овие двајца играчи заминаа со првиот тим на подготовките, кои во наредниов период ќе се одвиваат во Анталија. Нема некои промени и во останатите категории, освен пионерите кои се засилија на голманската позиција за репрезентативниот чувар Мето Велковски.