Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар во сабота гостува на Кк ГТЦ , одиме на четвртата победа во четвртиот меч
КУГЛАЊЕ! Вардар во сабота гостува на Кк ГТЦ , одиме на четвртата победа во четвртиот меч

КУГЛАЊЕ! Вардар во сабота гостува на Кк ГТЦ , одиме на четвртата победа во четвртиот меч

По паузата заради новогодишните и божиќните празници Македонската кугларска лига викендов повторно на програмата. Црвено-црниот кугларски колектив гостува во ова четврто коло кај гратскиот ривал Кк ГТЦ, каде атакуваме на четвртата победа сезонава.

Дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига, на првите две гостувања имавме одличен настап и издвојувавме две исклучително убедливи победи. Мечот со КК Гтц е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23 јануари. Истиот има термин на одигрување во 10-00 часот, а местотот на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во скопскиот градски трговски центар. Во истото коло, тој ден ќе се сретнат и двата тима со нула бодови досега екипите на 13 Август со тимот на Империал Тобако, а актуелниот шампион Кк  Макпетрол ја пречекува битолска Хераклеа. По ова следи дербито во 5.коло со тимот на Макпетрол, кое за  нашите момци  е вистинска шанса со победа да си го отворат патот кон титулата. Сега сме на првото место со максимални 6 бода  колку што има и тимот на  Макпетрол по одигрувањето на трите воведни кола. Како што ни изјави Дарко Димитровски играч и потпретседател на Вардар очекува ова да биде тежок меч, но очекуваа победа за Вардар бидејќи сме за нијанса поквалитена екипа. Тој надополни дека овогодинешниот наш старт е според наговите очекувања, со три победи во исто толку дуели, но сепак реално игравме со послаби тимови од нашиот. На истите биле свесни дека несмееме да дозволат да не изненадат противниците, бидејќи влеговме како фаворити во истите. Ждрепката сакаше во последните две кола од првиот круг да имаме две дерби средби пред нас, тоа се дуели во кои мора да го покажеме сиот свој квалитет и искуство, а поинаку и не можеме и не смееме.