РК Вардар е тим кој има најмногу свои играчи на европското првенство во Полска годинава, но по завршувањето на истото тие ќе се вратат во Скопје, а веќе по пет дена ќе гостуваат на првиот меч за нив годинава.
Избраниците на шпанскиот ракометен стратег Раул Гонзалес во вториот месец од годината ги чека без малку пеколен ритам за 23 дена ќе играат 5 меча, од кој Вардар на четири ќе биде гостин, а три меча се во најквалитената европска ракометна лига ЕХФ Л.Ш. Најпрвин гостуваме во Сеха лигата кај екипата на Борац на 5 февруари, што ќе биде прв меч годинава за црвено-црниот ракометен колектив, а веќе следниот ден патуваме во Хрватска на дуел од истото натпреварување кај вториот тим по квалитет во таа земја Нексе. Распоредот за февруарските мечеви е следен.
- Борац-ВАРДАР (СЕХА) 05/02/2016
- Нексе-ВАРДАР (СЕХА) 06/02/2016
- Рајн Некар-ВАРДАР(Л.Ш) 11/02/2016
- ВАРДАР-Кристијанштад (Л.Ш) 20/02/2016
- Пик Сегед-ВАРДАР (Л.Ш) 28/02/2016