Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарецот Оливер Дишлиевски на позајмица во Скопје
Вардарецот Оливер Дишлиевски на позајмица во Скопје

Вардарецот Оливер Дишлиевски на позајмица во Скопје

Талентираниот играч на Вардар и вториот дел од полусезоната ќе го мине на позајмица во екипата предводена од Љупчо Маркоски-Калц.

Дишлиевски, кој има 19 години и настапува на левата и десната крилна позиција во Фк.Скопје доаѓа како позајмен играч од редовите на македонскиот вицепрвак. Младиот охриѓанец кој потекнува од младинските школи на ФК.Вардар во минатото беше дел уште и од ФК.Караорман, ФК.Академија Пандев, ФК.Еуромилк а има настап и за сениорскиот тим на Вардар во ПМФЛ.

51295986_609186899540451_7600979189109358592_nОфанзивецот кој беше најдобар стрелец за 2014 година на силниот меѓународен турнир во Макарска-Р.Хрватска, како кадет но дел од младинците на Вардар настапи и во дуелите против Салзбург од квалификациите за младинската Лига на Шампиони токму под палката на Маркоски. По добрите претстави на фудбалерот од есенскиот дел од сезоната, управата на клубот од Автокоманда одлучи повторно да го доведе на позајмица до крајот на сезоната. Минатогодишниот прволигаш моментално се наоѓа на третата позиција во ВМФЛ-Запад, и најавува борба за промоција во елитата.