Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider > Со половина сили и преполовен состав, Вардар успеа да ја победи Војводина
Со половина сили и преполовен состав, Вардар успеа да ја победи Војводина

Со половина сили и преполовен состав, Вардар успеа да ја победи Војводина

Иако настапивме без неколку важни играчи, со половина од силите црвено-црните успеаа да слават на гостувањето кај екипата на Војводина, на натпревар од СЕХА-лигата.

Во првите седум минути се играше гол за гол на двете стграни, а Војводина беше екипата која успеа прва да се одлепи на два гола позитива. Најпрво имаа водство од 5:3 и 6:4, за црвено-црните да се вратат во игра и да го израмнат резултатот на 6:6. Во продолжение од првото полувреме избраниците на Парондо во два наврати имаа водство од еден гол разлика ( 9:10 и 10:11), но домашниот тим успеа да направи серија од 4:1 и да поведе со 14:12. До крајот на првиот дел, Вардар намали преку Војводиќ, а имавме и последен напад за израмнување, но не успеавме да реализираме, па по истекот на првите 30 минути, Војводина беше во минимално водство од 14:13. На голот беше Милосављев кој имаше 5 одбрани, додека исто толку голови постигна Чупиќ, додека Скубе имаше 3 погодоци.

Вардарци набрзина успеаа да го свртат резултатот и со головите на Стоилов и Скубе да поведат со 14:15, но и благодарение на Милосављев кој одбрани два удари на противникот. Во 34 минута за прв пат на мечот, Вардар стигна и до водство од два гола (14:16) откако погоди Чупиќ. Нашиот шампион не успеа да се одлепи, па видовме ново израмнување кога погоди Челица за 18:18. Имаше домаќинот можност и да поведе, но Милосављев одбрани пенал и стигна до својата осма одбрана. И по 50 минути игра ниту една од екипите немаа водство, кое им гарантираше победа. Вардарци пропуштија шанса да се одлепат на два гола позитива, додека Перовиќ на противничкиот гол имаше 12 одбрани. Во последните пет минути се влезе со нерешени 23:23. До двоцифрен број на одбрани стигна и Милосављев, а Кристопанс со својот шестти гол зголеми на 23:25. На крајот победа за Вардар со резултат 23:26.

Ова беше 12 победа за Вардар во СЕХА-лигата. Чупиќ беше најефикасен со 8 голови, додека Скубе постигна 7. На голот Милосављев имаше 11 одбрани.