Вардар успеа да слави на гостувањето кај екипата на Војводина, со резултат 23:26 и на тој начин да стигне до 12.победа во СЕХА-лигата. Во најголем дел од мечот се играше израмнето, но во финишот подобро се снајде нашиот шампион. Ова беше прв меч во новата година после долгата пауза, сепак на крајот најважно е што успеавме да ги освоиме бодовите, со оглед дека недостасуваа и неколку играчи. Медија тимот на СЕХА-лигата, ја избра одбраната на Милосављев за најдобра на овој меч, во последната минута од мечот, кога ‘Банда„ одбрани зицер удар во контра напад на противникот.
Погледнете ја најдобрата одбрана на мечот, дело на Милосављев кој имаше вкупно 11 одбрани на овој дуел.