Завршува зимската пауза во машкиот ракомет, први во земјава ќе отворат со дуели младинците. Па така двете машки младински екипи на ракометниот клуб Вардар викендов ги играат натпреварите од првото пролетно, односно 8. коло во домашното првенство.
Двата тима ќе играат во недела, кадетите на Будимир и Станковски се домаќини во “Јане Сандански“, додека тимот на Вардар Јуниор предводен од Петрушевски и Манасков гостува во Автокоманда. Ова се термините за двата натпревари:
- Вардар - Работнички (недела, 3 февруари – 16-00 часот)
- Металург 2 – Вардар јуниор (недела, 3 февруари – 12 часот)