Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младиот Вардар на гости во Тетово
Младиот Вардар на гости во Тетово

Младиот Вардар на гости во Тетово

Денес продолжуваат возбудувањата во Првата фудбалска лига на Македонија. Сега во македонската фудбалска јавност овој дуел го нема епитетот дерби (говори и податокот дека нема да има тв пренос од дуелот), каде Вардар гостува во Тетово кај Шкендија.

Младиот тим на Вардар нема што да загуби на овој натпревар под Шара. Заминува растеретен и со желба да покаже уште еднаш дека и со овој ростер на играчи е подготвен да се надигрува со секој противник. Здравствениот билтен кај ,,црвено – црните” е добар, а нема ниту суспендирани играчи. Џиџи верува во својот Вардар, а веруваме и ние дека денес ќе гледаме една убава фудбалска претстава од вардарци и на крајот ќе се радуваме на позитивен исход.

Дуелот започнува од 14 часот. ТВ пренос од овој дуел не е најавен.