Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар домаќин на КК Кожув
Вардар домаќин на КК Кожув

Вардар домаќин на КК Кожув

Денес момците на Александар Јованчев ќе ја пречекаат екипата на КК Кожуф од Гевгелија. Овој викенд во Првата машка кошарска лига на програмата се дуелите од 15.коло од сезоната 2020/2021.

Напреварот ќе се игра во нашиот дом, малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје. Дуелот кој е закажан со почеток во 17-00 часот ќе го судат: И.Митровски , Т.Панов  и  Н.Јакимовски.

Нашиот противник досега успеа во лигата да дојде до 5.победи, КК Вардар забележа во досегашниот дел од сезоната 2 успеха. На првиот есенски дуел во Гевгелија, Вардар промаши шут за победа па игравме продолженија во кој ривалот беше поуспешен.