Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Младиот Вардар загуби од Силекс, Попзлатанов стрелец на двата погодоци
Младиот Вардар загуби од Силекс, Попзлатанов стрелец на двата погодоци

Младиот Вардар загуби од Силекс, Попзлатанов стрелец на двата погодоци

Младиот тим на Вардар попладнево доживеа очекуван пораз од тимот на Силекс со резултат 2:3 (1:3). Иако Вардар настапи со млад тим, сепак во некој моменти од натпреварот одигра солидно, а и прв поведе. Стрелец на двата погодоци денеска за нашиот тим беше одличниот Јован Попзлатанов.

fkv-berisa

Младиот Вардар иако дојде до неочекувано водство уште во 2. минута од натпреварот, сепак на крајот на првиот дел имаше два голови недостаток, односно прими три голови во својата мрежа. Се започна добро за младите Вардарци, по само 2. минути по една грешка на играчи на Силекс, топката дојде до Попзлатанов кој што од 25 метри со прецизен удар го најде патот до мрежата за 1:0. По голот, Силекс почна да игра фудбал па така веќе во 21. минута со гол на Глигор Глигоров израмни на 1:1. Младите Вардарци во продолжението од мечот мака мачеа со високите топки, па така веќе во 35. минута со глава Тимов погоди за целосен пресврти. Новиот гол гостинот од Кратово го постигна во 45. минута, повторно од прекин, Реџепи во обидот да расчисти, си постигна автогол.

fkv

Првите 10-сетина минути од вториот дел не донесоа ништо ново на мечот освен две измени кои беа направени, по една во двата тима. Кај Вардар од игра излезе Адем а на негово место влезе младиот 17-годишен Божидар Митревски. Во 77. минута Јаневски ги направи и останатите две замени во игра влегоа Пешевски и Јахја, а излегоа Реџепи и Цветаноски. Во 84. минута Вардар постигна втор гол денеска и одново преку Попзлатанов кој што со удар од прва ја смести топката во мрежата и го намали водството на 2:3. До крајот на мечот Вардар се обидуваше во некој моменти да дојде и до трет гол, но не успеа и со резултат 2:3 заврши денешниот дуел.