На денешниот дуел од 22 коло во ПМФЛ, помеѓу Вардар и Силекс поуспешни беа гостите од Кратово, кои славеа со резултат 2:3. На овој натпревар нашиот шампион настапи со младинскиот состав, кој одигра одличен натпревар и беше само минимално поразен. Двата гола за Вардар ги постигна Јован Попзлатанов. Иако првотимците не настапија, тие денес беа сите присутни на мечот и им дадоа поддршка од трибините на младинците.