Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Утре на програмата е градското фудбалско дерби, во рамките на 5.коло од младинските лиги
Утре на програмата е градското фудбалско дерби, во рамките на 5.коло од младинските лиги

Утре на програмата е градското фудбалско дерби, во рамките на 5.коло од младинските лиги

Во среда, четири генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе го одиграат дербито од 5.коло во младинските лиги, против екипата на Работнички. Пионерските екипи гостуваат на теренот на Алумина, додека кадетите и младинците се домаќини на теренот на Академијата. Мечевите ќе стартуваат во термините од 10 и 12 часот.

Во помладата пионерска супер лига, екипата на Работнички како лидер го пречекува Вардар. Градскиот ривал успеа да освои максимални 12 освоени бодови на четири одиграни меча, додека Вардар има 10 бодови, или три победи и еден нерешен резултат. Пионерите на Вардар се единствената вардарова генерација која има стопроцентен ефект после првите четири одиграни меча, додека Работнички има три одиграни кола со скор од две победи и еден пораз.

Дерби натпревари со Работнички не очекуваат и во кадетска и младинска конкуренција. Кадетите на Вардар не започнаа баш најдобро, каде после четири кола имаат половичен успех од две победа и два порази, додека Работнички е лидер во лигата со 10 бодови. Младинците на Вардар иако во составот имаат играчи кои се родени 2002 година играат добро сезонава, каде на четири меча забележаа три победи и еден пораз, во оваа конкуренција, Работнички има скор од три победи и еден нерешен резултат.