Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ѓорѓи Дошев со прв гол за сениорската екипа, Нуман Ајетовиќ со деби настап
Ѓорѓи Дошев со прв гол за сениорската екипа, Нуман Ајетовиќ со деби настап

Ѓорѓи Дошев со прв гол за сениорската екипа, Нуман Ајетовиќ со деби настап

Екипата на ФК Вардар го доби и вториот пријателски натпревар во подготвителниот период. Црвено-црните успеаа да излезат како победници и на натпреварот со екипата на Скопје 3:1 (1:1).

На овој натпревар својот деби настап го имаа двајца играчи од младинската школа на клубот. Се работи за Нуман Ајетовиќ (2006) и Ѓорѓи Дошев (2005). Дошев успеа и да се запише во листата на стрелци на мечот со Скопје. Своја минутажа имаа уште и Давор Серафимов, Марко Стојилевски и Горјан Цветков.