Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени 2004 година утрово заминаа за Бугарија, каде во периодот од 1-6-ти април ќе учествуваат на силен меѓународен турнир “Евима куп“-Банско 2016. Црвено-црните ќе бидат во група заедно со екипите на Атаканте, Раднички, Полетерац (Србија), Сахалин (Русија) и ЦСКА Софија. Ова ќе биде нов предизвик за избраниците на Филип Арсовски, после освојувањето на “Балканика куп“ кој исто така се играше во Бугарија. Тренерот со себе поведе 14 играчи кои ќе ги бранат боите на клубот на овој турнир. Екипи како Црвена Ѕвезда, Стеауа од Букурешт, Нотингем Форест и многу други екипи од Европа ќе бидат дел од овој силен турнир. Сигурни сме дека нашите млади надежи ќе дадат се од себе и повторно достојно ќе го одбранат името Вардар, како што тоа беше случај на Балканика куп. Од утре започнуваат настапите за Вардар на овој турнир.