Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Две години од спектакуларниот пречек на РК Вардар по победата над Хамбург
(ВИДЕО) Две години од спектакуларниот пречек на РК Вардар по победата над Хамбург

(ВИДЕО) Две години од спектакуларниот пречек на РК Вардар по победата над Хамбург

Во предвечерието на новата 1/4-финална рунда од Л.Ш да се потсетиме на една убава црвено-црна епизода од елитната ракометна лига.  На  вчерашниот ден се навршува точно две години од спектаклот на Комити приреден на ракометарите на Вардар по историската победа над Хамбург на Аеродромот Александар Македонски.

Вардар полани како 4-то пласиран имаше лоша среќа да во 1/8Финалето од лигата на европските ракометни шампиони се сретне со германскиот ракометен гигант. По мечот во Скопје и нерешениот исход слободно може да кажеме дека отпишани заминаа момците за Германија . Но се случи чудо кое одекна во Ракометна Европа, црвено-црниот тим од Скопје го елиминираше големиот Бундеслигаш на гости . Во Скопје се чуствуваше славје во воздухот, најверните навивачи на Вардар популарните Комити на аеродромот и во салата Кале приредија незаборавен пречек за момците .Се надеваме дека и по реваншот мечот во гости кај Веспрем, вака ќе го славиме пласманот на Ф-4 во Келн. ВИДЕО >>>