Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мобилизацијата продолжува, денес и утре фудбалерите на Вардар ќе посетат уште две училишта
Мобилизацијата продолжува, денес и утре фудбалерите на Вардар ќе посетат уште две училишта

Мобилизацијата продолжува, денес и утре фудбалерите на Вардар ќе посетат уште две училишта

Избраниците на Гоце Седлоски вчера беа во посета на средношколците од  средното економско-правно училиште “Васил Антевски – Дрен“, кое се наоѓа во  скопската населба Кисела Вода. Младите ученици  имаа прилика во живо да ги запознаат и да минат време со играчите  од првиот тим Кобетиќ, Глишиќ, Фелипе, Грнчаров, Пачовски,  Ивановски и Дашјан. Тие имаа интересен меч, вардарци одиграа дуел на мали голови против училишната екипа која е  составена од учениците кои играат во кадетската екипа на ФК Вардар. Фудбалерите ги поканија учениците да присуствуваат на неделниот меч против Шкендија и притоа им поделија спортски реквизити потпишани со  автограми.

88

Оваа акција за посета на учениците и мобилизирање на  младите да присуствуваат на дербито ќе има уште две “епизоди“. Овој пат ќе бидат посетени две основни училишта во нашиот главен град, Скопје.   Денес домаќини на нашите момци ќе бидат дечињата од Основното училиште “Кирил Пејчиновиќ“, апак утре  во четврток вардаровиот  карван ќе  продолжи со дружењето со младите во  Основното училиште “Невена Георгиева-Дуња“