Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вчера македонската кадетската репрезентација замина на турнир во БиХ, во составот се шест вардарови ракометари
Вчера македонската кадетската репрезентација замина на турнир во БиХ, во составот се шест вардарови ракометари

Вчера македонската кадетската репрезентација замина на турнир во БиХ, во составот се шест вардарови ракометари

Македонската машка кадетската репрезентација, до 18 години вчера одпатува за Бугојно , Босна и Херцеговина. Младите црвено-жолти ракометни надежи   ќе  учествуваат на силен меѓународен турнир -Ракометот е мојата иднина 2016. 

Оваа македонска селекција ќе биде  предводена од нашиот Стојан Петрушевски кој е предводник на екипата на Рк Вардар 2, тим  кој е се вистински “хит“ во првата ракометна лига и неговиот помошник Оливер Димитриоски.  Во оваа селекција имаме шест црвено-црни момци кој ќе настапат на овој силен турнир. Вчера за Бугојно отпатуваа нашите : Марко Кизиќ -Вардар,  Андреј Мицаноски -Вардар,  Кристијан Ѓоршевски -Вардар Јуниор,  Дејан Кукуловски -Вардар 2, Антонио Николовски -Вардар Јуниор, Стефан Крстевски -Вардар 2. На овој  турнир свое  учество ќе имаат осум кадетски репрезентации, кои се  поделени во две групи, нашата селекција е во грпата-Б. Покрај Македонија во нашата група се и  Хрватска, Полска, и Катар . Според распоредот нашите мечеви во “Групата-Б“ се закажани по следниот радослед:

  • Утре во  9.00 часот играме со  Хрватска , а пак од  19.15 часот играме со селекцијата на  Катар. Ден потоа во петок играме со  Полска од 12-30 часот.