Македонската фудбалска репрезентација до 18 години забележа победа на првот контролен натпревар, против селекцијата на Бугарија. Овој меч се одигра на централниот терен на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Нашите млади надежи остварија минимален триумф од 1:0, со голот на Давор Здравковски во 64 минута.
Двете репрезентации имале неколку добри шанси за постигнување, но само еден и единствен гол го решил овој прв натпревар помеѓу овие две селекции. Во составот на оваа репрезентација која ја предводи селекторот Јетон Несими се наоѓаат и четворица играчи од редовите на Вардар. Во стартните 11 се најдоа Филип Трајчевски, централниот дефанзивец Есмин Личина, напаѓачот Ердон Даци, додека шанса за игра во второто полувреме доби играчот од средниот ред Дарко Додевски. Сите инаку настапуваат за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, под водсто на Љупчо Марковски.
Вториот контролен наппревар против Бугарија ќе се одигра во четврток со почеток од 11 часот.