Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар почнува со одбраната на титулата овој викенд (распоред)
РК Вардар почнува со одбраната на титулата овој викенд (распоред)

РК Вардар почнува со одбраната на титулата овој викенд (распоред)

Престојниов викенд  старува плеј-офот во  машката ракометната Супер лига, во која  Вардар ќе треба да тргне во одбрана на титулата. Прв меч ќе играме во гости кај  РК Охрид, но дополнително ќе се знае точниот термин.

Според распоредот во  второто коло повторно ќе треба да  гостуваме овој пат  кај градскиот ривал екипата на РК Работнички, кој домашните мечеви ги игра во салата “Форца“,  Како домаќини во третото коло ќе  играме против Металург во С.ц “Јане Сандански“. Четата на Раул Гонзалес е годинива  апсолутен фаворит и воопшто не се очекува да има изгубен меч во овие десет плеј-оф дуели. За жал другиот црвено-црн колектив Вардар јуниор ќе игра во  плејаут-фазата во која  ќе се бори за опстанок во елитата . Стартуваат против  Металург -2 на гости, исто така и тие во второто коло  гостуваат на Пролет. Во продолжение видете ги распоредите за двата тима: