Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Токму Џиџи ја има највисоката победа над Шкендија – може ли повторно до поволен резултат?
Токму Џиџи ја има највисоката победа над Шкендија – може ли повторно до поволен резултат?

Токму Џиџи ја има највисоката победа над Шкендија – може ли повторно до поволен резултат?

Фудбалерите на Вардар престојниов викенд ќе го одиграаат второто пролетно коло, откако ремизираа со Пелистер во вечното дерби. Пред Вардар сега стои уште потежок испит, бидејќи му гостува на најдобриот тим оваа сезона во ПМФЛ, екипата на тетовска Шкендија.

Токму денешниот предводник на вардарци, Никола Илиевски – Џиџи ја има забележано највисоката победа против овој ривал. Имено, на 12.03.2013 во Скопје екипата на Вардар ја ,,торпедираше” Шкендија со резултат 6:1, а предводник од клупата беше искусниот Џиџи.

Може ли Никола Илиевски – Џиџи до уште еден поволен резултат против овој ривал, ќе видиме в недела под Шара. Дуелот е предвидено да започне од 14.00 часот.

Фото: Кочо Сотировски