Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > МТВ реши ќе врши ТВ пренос од мечот без публика Вардар-Ренова!
МТВ реши ќе врши ТВ пренос од мечот без публика Вардар-Ренова!

МТВ реши ќе врши ТВ пренос од мечот без публика Вардар-Ренова!

Мечот на Вардар кој по препорака на МВР , а со одлука Македонската “Куќа на фудбалот“ како и на сите други прволигашки и второлигашки мечеви ќе се игра пред празни трибини ќе може да го следиме низ директен пренос.

Македонската радио и телевизија ќе врши директен пренос на собранискиот канал со почеток во 16-25 часот . Вардар ја пречекува тетовска Ренова во претпоследното коло за оваа сезона. Црвено-црните со победа ќе ја прослават деветата титула државен шампион .Се надеваме дека ФК Вардар ќе ја искористи третата последователна шанса да се промовира во Шампион по една година “пост“ . За жал по скандалозната одлука на ФФМ ова е единствен начин да се следи евентуалната прослава на титулата на нашиот миленик. Мечот се игра во сабота 16 Мај со почеток во 16-30 часот.